БРАВО ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА Реализиран најголемиот саем за вработување за Work and Travel America 2016

Огромно задоволство ни претставува можноста да Ви презентираме уште еден голем успех на Коузон Студентски Сервис.

Овој пат радоста е поврзана со успешното вработување на 154 студенти кои беа апликанти за летна студентска работа.
Во присуство на повеќе работодавци од Америка, денес * сабота 27 февруари, Коузон успеа да организира саем на кој сите наши студенти ја добија долго посакуваната работа.

Сите тие имаа можност да се сретнат со своите идни менаџери со кои ќе работат претстојново лето во Америка. Ова интервју всушност за најголем дел од нив беше и прво искуство од разговор „очи во очи“ со работодавец и прво искуство од интервју за вработување.

Покрај задоволството што ние го имавме заедно со студентите, нас како носители на оваа активност ни претставува чест да споделиме дека и присутните работодавци беа максимално задоволни од нашите студенти.
Доказ за ова е и фактот што сите студенти добија работа (т.е никој не беше одбиен).

Иако ова беше и последниот саем за вработување за оваа година, можноста да се добие работа за Work & Travel програмата постои се до 4ти март.
Ако вие сакате да бидете дел оние студенти кои ќе имаат можност да патуваат за Америка во текот на претстојново лето, ве покануваме да аплицирате веднаш!

Следат неколку фотографии од денешниот настан