ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИ ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА ?

КОУЗОН – РАБОТА ЗА СТУДЕНТИ ВО ГЕРМАНИЈА

ОРГАНИЗИРАМЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ОВАА ПРОГРАМА ВО СРЕДА НА 29.11.2017 ГОДИНА

Коузон и годинава многу активно продолжува со процесот на информирање и регрутирање на студенти за летна студентска работа во Германија.

Оваа програма ја реализираме во соработка со Германскиот државен завод за вработување (  https://goo.gl/HsgNcY  ) за кој Коузон е единствен овластен представник за територијата на Република Македонија.

Оваа уникатна програма им овозможува на студентите 90 дневна работа ( престој ) во Германија за време на летиот студентски распуст 2018 .

Процесот на аплицирање и посредување при вработувањето за оваа програма , преку Коузон е 100 % БЕСПЛАТЕН

Како дополнителен бенефит  и пред се благодарност за тоа што ќе не изберете нас,Почитувани студенти,  ние одлучивме да Ви понудиме БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ЗА УЧЕЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК.

Ова е понуда за сите Вас на кои ќе им треба подобрување во знаењето и користењето на Германскиот јазик кој е потребен за се владее на ниво А2 за да се добие работа во Германија.

Во соработка со нашите партнери од Германија (  Mazedonische Partnerstelle der Bundesagentur für Arbeit für mazedonische Studierende ) , Коузон очекува да реализира околу 300 студентски пракси во Германија за следната сезона .

Ве охрабруваме сите Вас кои сте или би биле заинтересирани , што поскоро да се пријавите и да аплицираат за учество во програмата.

Во интерес на подоброто информирање Ве каниме да присуствувате на презентацијата за летна студентска работа која ќе се одржи во нашите канцеларии на Бул. Св.Климент Охридски 58 во Скопје во среда на 29.11.2017 година со почеток во 13.00 часот

За дополнителни информации , слободно можете да не контактирате на [email protected] или да ни се јавите на 078 45 44 26