ДЕЦАТА ИГРААТ СО МАИЧКИТЕ ШТО ИГРААТ – КОУЗОН КАМП

КОУЗОН КАМП ПОДГОТОВКИ ЗА НАСТАП

На 7 Јули , за Грција , во Коузон Камп заминува најбројната група на деца за ова лето .
Околу 300 деца од Македонија ќе играат , ќе спортуваат и ќе се забавуваат во прекрасниот простор на нашиот Камп.
За да биде се како што треба , подготовките за културно-уметничкиот дел од програмата во кампот, еден дел од нашите деца активно ги изведуваат во Скопје.
Како благодарност за тоа што ќе учествуваат со свој ( dance ) настап за време на интернационалната приредба , Коузон им подари МАИЧКИ ШТО ИГРААТ.

Самите маички предизвикаа воодушевување кај нашите деца но и сите останати граѓани кои имаа можност да ги видат при нивниот настап во еден од парковите на населбата Аеродром во Скопје
Убавината на она што го извежбале како музичка точка, ја надополнија и лед диодите на маичките кои во темнината изгледаа ПРЕКРАСНО .

Нашиот тим е убеден дека оваа група на деца ќе биде атракција за време на нивниот настап во Кампот , пред децата од другите држави. Исто така убедени сме дека уште поголемо изненадување ќе бидат и нашите светлечки маици .
Коузон Камп 2017 – е отворен за нови пријави . По оваа голема смена ( група ) на 7 Јули , очекуваме исто толку интерес и за смената која почнува на 14 Јули.
За истата има уште малку места така што доколку некој размислува да не дружи , поканата е отворена.
За пријавување , доволно е само да ни испратите е-маил на [email protected] 078 45 44 26