ДОБИЕНО УШТЕ ЕДНО ПРИЗНАНИЕ – ПОТВРДА ЗА ПОСВЕТЕНОСТА КОН КЛИЕНТИТЕ KOUZON

Да се добие по втор пат признанието СУПЕРБРЕНД  не е само награда за посветеноста кон работата и вниманието што им го посветуваме на нашите клиенту, туку претставува и потврда за довербата што ја имаме како БРЕНД во Македонија.

Со огромно задоволство можеме да објавиме дека Коузон е избран за СУПЕР БРАНД за 2017-2018 година од страна на познати имиња од областа на маркетингот, средствата за јавно информирање и стопанскиот сектор во Македонија, како и со мнозинство на гласови од јавната анкета што беше спроведена преку Организаторот на ова гласање и оваа награда, Супер Бренд Адријатик.Сите овие внимателно одбрани експерти го прогласија Коузон како лидер врз основа на критериумите за квалитет,сигурност,различност и емотивна привлечност, применувајќи ги меѓународните стандарди на Superbrands.

Секој СУПЕР БРЕНД (SUPERBRANDS) има воспоставено врвен углед во сегментот * категоријата во кој е избран.
Како Супербренд – Коузон нуди значајна предност во однос на конкуренцијата што е повеќе од колективен впечаток.
Оваа награда за нас доаѓа и како признание за нашето 20 годишно постоење во Македонија и активно работење со младите генерации. Како пионери во многу сегменти од развојот на студентските програми за стручна пракса и летна студентска работа, детски летни кампови, развој на програми за изучување на странски јазици во државите на ЕУ, посебно заради тоа што повеќе илјади млади преку Коузон за прв пат „ отпловија “ кон времена и сезонска работа ширум регионов и светот, преку која заработија искуство и пари, Коузон го заслужи признанието СУПЕР БРЕНД во Македонија.
Нашето МОТО – Live your Dream, беше и е водечка мисла за многу млади од нашава држава.
Коузон максимално се обидува да им укаже на младите дека ПОЗИТИВНИОТ СТАВ во животот поткрепен со трудољубивоста и желбата за едукација и градење на кариера, може во многу да им помогне да го најдат својот пат кон блескава иднина.

На сите оние кои гласаа за нас, да бидеме СУПЕР БРЕНД во Македонија, од се срце им БЛАГОДАРИМЕ.
На сите оние кои го избрале или во иднина ќе го изберат Коузон за своја Агенција, им ветуваме максимална професионалност и реализација на се што им е понудено и ветено.

Со почит,

КОУЗОН – Македонија