Изјава на родител на дете од летен камп

КОУЗОН ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП

Родител: Татјана Караколевска – Чочов
Дете:       Андреј Чочов

ОДИМЕ НА МОРЕ – ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП И ОВА ЛЕТО !!!!

Јас како мајка која четири години по ред го праќа своето 13 годишно дете на камп во Грција можам да кажам само позитивни коментари за неговиот престој таму и влијанието на неговиот социјален и културно забавен живот. Андреј уште првата година од кампот се врати како могу самостоен и исклучително дружељубив со уште поголема љубов кон спортот.
Тој и онака тренира фудбал и е редовно акртивен но пројави желба и за други спортови кои се пред се тимски. Запозна многу другарчиња од Македонија, Русија, Србија, Бугарија и Грција со кои и ден денес се допишува преку фејсбук и вибер.

Топло го препорачувам летниот камп што Коузон го организира во Грција ( на прв крак) бидејќи е на море, блиску е, организиран е, безбеден е,  децата се згрижени и спортски активни,храната е одлична и што е многу важно имаат и лекарска грижа.

Со нетрпение ја очекуваме новата сезона!
Андреј е многу возбуден и веќе се екипираат со неговото друштво.