КОУЗОН СТУБРЕНД 2017 – НАЈДОБРА WORK & TRAVEL АГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА 

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА И УКАЖАНАТА ЧЕСТ 
КОУЗОН СТУБРЕНД 2017 – НАЈДОБРА WORK & TRAVEL АГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА 
SECOND TIME IN A ROW – WE ARE THE BEST WORK & TRAVEL AGENCY IN MACEDONIA

Почитувани студенти ,

За Вас постоевме , постоиме и ќе постоиме и во годините што следат.
Коузон , 20 години посветено работи кон создавање и реализација на многу програми и активности кои Ви даваат можност да запознаете нови хоризонти , нови пријатели , нови можности за лична ( Ваша ) афирмација надвор од просторите од Македонија.
Коузон не е само агенција која работи со студентите и младите од Македонија.
Коузон е бренд во 17 држави и компанија која е синоним за сигурност, посветеност и квалитет на услуга.

Коузон , беше пионер во формирањето и развивањето на програмата WORK & TRAVEL AMERICA во Македонија. Од почетокот до денес анимиравме и успеавме да евидентираме повеќе од 15.000 студенти кои аплицирале преку нас за оваа единствена ( уникатна ) програма .
Да се патува надвор од Македонија, да се посети Американскиот континент , не беше предизвик само за студентите ,беше животен предизвик и за родителите кои ги испраќаа студентите на летна студентска работа и тоа „многу “далеку од себе.

Да се стекне доверба и кај едните и кај другите ( студентите и родителите ) и таа доверба да биде на ТОП ПОЗИЦИЈА во Македонија, да се издржат сите предизвици во работењето цели 20 години навистина не е воопшто лесно.
Задоволството е сепак наше и во име на истото им БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ БИЛЕ НАШИ АПЛИКАНТИ И СИТЕ ОНИЕ КОИ И ОВАА ГОДИНА ГЛАСАА ДА БИДЕМЕ ИЗБРАНИ ЗА СТУБРЕНД ПО ВТОР ПАТ .

Концепотот на нашето работење продолжува и понатаму со уште поголеми амбиции и визии за развој на соработката со студентската младина од Македонија.
Следат многу пријатни изнeнaдувања и многу нови можности за афирмација на студентите и нивно дружење со колегите од другите ЕУ држави и пошироко.

Искрено се надеваме дека Вие сегашните и идни студенти ќе можете да ги остварат Вашите желби и соништа заедно со нас – Коузон ……..LIVE YOUR DREAM WITH KOUZON