НАТПРЕВАР ЗА СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ЗА WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА

Сакате да промените нешто во вашиот живот, да одите во Америка со помош на Work & Travel програмата, но не верувате дека тоа е возможно? Коузон повторно ќе ви го докаже спротивното, бидејќи Коузон се грижи за своите студенти.

Оваа година ФУЛМ Штедилница, заедно со Лигата на кредитни унии од Мичиген, нуди студентски стипендии за сите оние студенти кои биле или сакаат да одат на Work & Travel. Единственото нешто што треба да го направите е да испратите една фотографија од вашето искуство или сон за W&T и да опишете како сте си поминале таму или како очекувате да поминете во само пет реченици.

Ова треба да се испрати во порака на Фејсбук профилот на Штедилница ФУЛМ, или на [email protected], со назнака „За студентска стипендија – MyWork&Traveldream“.

Побрзајте да бидете единствениот добитник на оваа стипендија.

Искористете ја оваа единствена можност која ви ја нуди Коузон. Веруваме дека оние студенти кои веќе ја имале таа чест да бидат дел од Work & Travel програмата нема да ја пропуштат оваа шанса повторно да работат и живеат во Америка, а оние кои не биле сигурно ќе сакаат да го имаат и ова искуство.

За повеќе информации, отворете ја веб страната на ФУЛМ на следниов линк: http://www.fulm.com.mk/default.asp?docID=986&lng=mc