Прага 8-ми Март

Prague_1

1 ден 05.03.2014 СТРУМИЦА/СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок со групата на договореното место и време Поаѓање од Струмица према Прага, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 06.03.2014 ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови (околу 12 часот). Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Крстарење по Влтава (факултативно) и ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Вечерта можноста за посета на некој од прашките клубови или пивници. Ноќевање.

3 ден 07.03.2014 ПРАГА

Појадок. Разглед на градот со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Слободно попладне. Можност за помин на 8-мо мартовска вечер во традиционален чешки ресторан (средновековна чешка музика изведувана од музичари во чешка средновековна облека, танчерки во народни носии и вечера). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 08.03.2014 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и прозиводи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 09.03.2014 ПРАГА – БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ/СТРУМИЦА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Будимпешта. Пристигнување околу 17:00 часот. Разглед на убавините на Будимпешта со локален водич: Плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската Палата, Рибарската тбрдина, Цитаделата, Црквите Св. Матејас, Св. Стефан, мостовите на Дунав. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Скопје по договор со групата. Ноќно возење преку Унгарија и Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 10.03.2014 СТРУМИЦА

Пристигнување во Скопје/Струмица во утринските часови.

Цена на аранжманот:

7.200 MKD

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел 3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич за Прага и Будимпешта
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарење по Влтава – 14€
  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич – 24€
  • Патничко осигурување
  • Посета на традиционален чешки ресторан – 28€
  • Индивидуални трошоци