СО ЉУБОВ – ЗА КОУЗОН КАМПС

СО ЉУБОВ – ЗА КОУЗОН КАМПС
ПОЗДРАВ ОД ЗАДОВОЛНИТЕ КОУЗОН КАМПЕРИ – 2017

Нашите кампери УЖИВААТ, се дружат , спортуваат и се забавуваат во Коузон Кампот во Грција.
Сите тие се активни од 8 часот наутро до 24.00 часот навечер.
Немаат време за компјутери и таблети , уште помалку имаат време за „седење “ на интернет .
Реално имаат многу поважни содржини во кои треба да учествуваат и да се ангажираат.
Никој од нив не сака да пропушти ниту една од спортските активности кои ги имаат на претек , ниту пак сакаат да ја попуштат шансата за плажа и уживање во топлата морска вода.
Нашите кампери се активни и во вечерните саати , кога имаат културно-забавна програма и дружење со деца од другите држави , присутни во кампот.
КОУЗОН КАПМ – и оваа година создава можности за многу , многу убави детски спомени.
Со еден збор – на задоволствата им нема крај .

Како благодарност за се што Коузон камп им нуди на децата , оние кои се присутни во кампот во оваа смена , ни испратија фотографија на која и дадоа име – СО ЉУБОВ ЗА КОУЗОН КАМП .

Очекуваме и знаеме дека и оние деца ( кампери ) кои ќе престојуваат во кампот во следните смени ќе ги имаат истите можности , истите спомени , истите чувства и дека и од нив ќе добиваме пораки со исказ на благодарност за се она што Коузон прави за нив

СО ЉУБОВ и ГРИЖА ЗА НАШИТЕ КОУЗОН КАМПЕРИ ,

Поздрав од тимот што ја реализира КАМП програмата