ТИМСКА АТМОСФЕРА 24/7

КОУЗОН ЛЕТЕН ДЕТСКИ КАМП ВО ГРЦИЈА
Бенефити од тимските спортови и активности

Почитувани Родители ,

Сигурно сакате да го изненадите Вашето дете со нешто ново и да го наградите за напорното учење изминатите 9 месеци.

Она што Коузон може да Ви го понуди Вам може да биде најдобриот поклон за крајот на школската година. Ве покануваме да размислите и да ја разгледате нашата понуда за 8 дневен престој во најголемиот а воедно и најдобар детски камп во Европа.
На брегот на Егејското море , на само 280 км од Скопје , Коузон може да ги поведе Вашите деца да уживаат во прекрасната природа, спортски и едукативни активности и многу , многу дружење и социјализација со врсници од повеке околни и Европски држави.

Ќе зборуваме со нив англиски , ќе ги мотивираме ( ако сакаат ) да учат грчки , ќе ги поттикнеме да бидат активни и да ги искажат своите амбиции да бидат лидери.
Најмногу од се ќе се потрудиме да бидат дел од тимската атмосфера која во кампот трае 24/7
Зошто тимските спортови и активности се добри за децата?
Ваквата атмосфера ги учи децата на одговорност: Кога детето ќе стане дел од тим, тоа се обврзува да биде посветен член од тимот и се сообразува со групата во целост.

Креира “добри губитници”: Уште од најрана возраст, важно е децата да научат дека работите не секогаш излегуваат така како планирале и дека можеме да се соочат со порази ( пред се во спортските активности ).
Промовира тимска работа: Учејќи да соработуваат заедно со други за исполнување на заедничка цел, децата преку тимските спортови и активности се стекнуваат со уште една важна животна вештина која секако многу ќе им треба во животот

Стекнување на нови пријателства: Тимските спортови се одличен начин децата да стекнат нови другарчиња.
Коузон има отворена покана до сите деца во Македонија да ни се придружат во една нова летна авантура, преку која ќе креираме заеднички спомени исполнети со многу дружење и спортување

За повеќе информации Ве молиме слободно да не контактирате на [email protected] или на телефонските броеви 078 45 44 26 и 078 45 44 18