КОУЗОН КАМПС – НА ГОСТИ КАЈ ДЕЦАТА ВО СТРУМИЦА

ВО СТРУМИЦА – НА ПЛОШТАД , САБОТА 6 МАЈ
ОДИМЕ НА МОРЕ , ОДИМЕ НА КОУЗОН КАМП 2017

Децата од Струмица не поканија на дружење .
Коузон Камп е популарна дестинација и за децата од Градот под Царевите кули.

Во Струмица на плоштад , ќе се дружиме со сите деца кои сакаат да возат SEGWAY на 6 мај , од 11-13.30 часот.
Наши домакини исто така ќе бидат и колегите од Агенцијата „ АТЛАНТИС “ кои несебично ни помагаат во промоцијата и реализацијата на Коузон Камп програмата.

АТРАКЦИЈАТА НА ОВА ДРУЖЕЊЕ , СЕКАКО ЌЕ БИДАТ НАШИТЕ SEGWAY –и , кои се толку многу популарни во Македонија така што и да нема град каде што не сне поканети да се дружиме .
Задоволството да се вози SEGWAY е огромно исто како и присуството на децата во најдобриот Европски детски камп ,

За време на престојот во Струмица , подготвуваме и други изненадувања.
Оние кои сакаат да возат SEGWAY – доволно е да ни испратат пријава на [email protected] или [email protected], со СМС порака на 076 45 44 26 или во Атлантис Струмица 034/345 212 ( со напомена – за возење Segway ).