РОДИТЕЛИТЕ ПОТВРДИЈА – „ НАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ ОДАТ НА КОУЗОН КАМП “

КОУЗОН КАМП -2017

Најмногубројните камперски смени за 2017 година започнуваат утре на 30 Јуни и на 7 Јули
Само во овие две смени ќе имаме повеке од 400 деца .
Како резултат на овој број на учесници ( деца кампери ) , а во интерес на максимална транспарентност и пред се спремност за најпрофесионално подготвување на децата за активностите во кампот , Коузон и овој пат успешно ја реализира оваа многу важна средба со родителите

Овие средби се традиција на Коузон и редовно се организираат со сите родители од сите групи на учесници во нашиот камп во Грција.
Целта на средбата и овој пат беше на лице место и во детали да ги информираме родителите за начинот , формата и условите за реализација на програмата во нашиот камп во Грција и најмногу од се да побараме од нив поддршка за беспрекорно спроведување на предвидените содржини во кампот.

Во 2 часовното дружење со родителите , во многу позитивна атмосфера , успеавме да ги информираме за сите детали од организацијата т.е подготовката за заминување во Грција, како и се она низ што нивните деца ќе поминат заедно со нас и нашите тим лидери .

Да се организира патување во странство за деца , никако не е исто како и туристичко патување за возрасни лица.
Коузон има знаење и пред се стратегија за беспрекорна организација на вакви детски програми каде што и најситните детали се од клучно значење за сатисфакција на децата и нивните родители

Со голема радост можеме да изјавиме дека и оваа група на родители безрезервно ни потврди :
“ СРЕЌНИ СМЕ ШТО НАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ ОДАТ НА КАМП СО КОУЗОН „ ….
Фотографиите кои следат пренесуваат дел од атмосферата од вчерашниот настан