KOUZON WORK & TRAVEL AMERICA 2017

НОВ ПОЧЕТОК – НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ – НОВИ ИЗНЕНАДУВАЊА

intro

Почитувани студенти ,

Ја имаме честа да најавиме дека Коузон Студентски сервис – Македонија , на 19 Октомври, официјално ги отвора „вратите“ за патување кон Америка во 2017 година .
Најатрактивната студентска програма – Work & Travel America, и следната сезона ќе понуди вработување на неколку илјади активни студенти од Македонија, ширум Соединетите Американски држави.
Коузон – како компанија која покрај многуте престижни национални и интернационални признанија кои ги има добиено во изминатите 19 години од постоењето, оваа година се закити со престижната награда STUBRAND.
Вие почитувани студенти гласавте и ни ја доделивте титулата – најпопуларна студентска агенција во Македонија.
Вие почитувани студенти потврдивте дека Коузон е агенција на која може да и се верува, Агенција која е посветена кон создавање и пласирање на стандарди кои придонесуваат за максимална сатисфакција.
Коузон воедно беше и СУПЕР БРЕНД (Superbrand)2013-2014 година .

Но да се посветиме кон она што следи, отварањето на новата сезона за Work & Travel 2016 година.
Како и секоја година, така и годинава, избравме МОТО кое е поврзано со Американски симбол или дел од културата на Соединетите Американски Држави.
Минатата сезона – нашето мото беше Big Apple – Big Dream.
ОВАА СЕЗОНА 2017 – ИМАМЕ МОТО – YOUR NEXT AMERICAN SUMMER ADVENTURE  или скатено Your NASA – 2017.

Мотото е креирано врз основа на нашата одлука да доделиме НАГРАДА на неколку студенти кои ќе учествуваат во програмата и ќе заминат за Америка , да можат да престојуваат 2 дена во вселенскиот центар за лансирање на ракети на Флорида – Cape Canaveral  https://www.kennedyspacecenter.com/

Сите трошоци за патувањето и престојот на Флорида ќе бидат покриени од нас .

Коузон Ве изненадува и Ве наградува.
Но , изненадувањата и наградите не се поврзани само со НАСА (NASA) поврзни се со извонредно атрактивните работни понуди кои следат.

На 19 Октомври (среда) – Ве покануваме заедно да го прославиме почнувањето на новата програма: НА ОВОЈ ДЕН ЌЕ СЛЕДАТ ПОПУСТИ ЗА ПРВИТЕ АПЛИКАНТИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 100 УСД.
За повеќе информации Ве молиме слободно контактирајте не на [email protected]