Live your dream...

Летен јазичен курс во Лондон.

Learn English, make friends, travel!

Учете англиски јазик во прекрасниот Лондон

Лондон освен тоа што за мајчин јазик го има англискиот, важи за еден од највозбудливите градови во светот и е вистинска метропола, која може да пружи задоволство на секој студент, кој е дојден за учење на нови работи, но и доживување на незаборавни искуства.

Тој е огромен град со мулти – културно население од околу 7,5 милиони. Лондон е главен град на Велика Британија, како и седиште на кралската фамилија и воедно центар на политичкиот, бизнис и финансискиот живот. Со самото тоа, како и со многубројните атракции и богатата историја, привлекува милиони посетители секоја година.

И покрај тоа што е многу населен, овој град поседува големи зелени површини и прекрасни паркови, во кои уживаат и локалното население и посетителите од целиот свет. Лондон изобилува со историски и културни атракции, нуди одличен и надалеку познат ноќен живот за секаков тип на туристи, а воедно може да се пофали и со најнови модни трендови. Едноставно, совршено место да го запознаете англискиот јазик на автентичен начин.

Што повеќе би посакале ова лето?

Општи информации

  • Тип на курс: Летен курс – стандарден англиски
  • Возрасна група:  +14
  • Локација: Лондон
  • Времетраење: 2 недели
  • Часови: 20 часа неделно
  • Ученици: 10 до 12 / 15 ученици максимум
  • Програма со организирани активности: секое попладне и вечер спортски и социјални активности
  • Сместување: Интернат/ Полн пансион (вклучени појадок, ручек, вечера)

Цена на пакетот за две недели во интернат – 1420 £
Цена на пакетот за две недели во фамилија – 1000 £

** Можност за плаќање на три рати со кредитна картичка

  •  Во цената е вклучено:
  • Тест за проверка на почеток на курсот
  • Курс по англиски за две недели (20 лекции неделно)
  • Сместување во интернат/фамилија – Двокреветни или четири креветни соби
  • Појадок, ручек и вечера
  • Активности
  • Компјутер, интернет, чаршави, крпи
  • *Депозит од 40€ се остава како гаранција во случај на направена штета (истиот се рефундира на крај од престојот)
  • Трансфер од аеродром до местото на сместување и обратно

 

Напомена:
Во програмата не е вклучен трошокот за пат и англиска виза (Коузон посредува при апликацијата за виза).
Курсот е препорачливо да се резервира најмалку 3 недели пред почетокот, поради процесот на добивање виза.x

Повеќе информации на:

Е-пошта: [email protected]
Телефон:  +389 (2) 323 88 01; +389 (2) 323 88 06;
Адреса: Бул. Св. Климент охридски 58, 1000 Скопје

Kouzon Corporation

Добредојдовте на новата веб страница на Коузон...

FOR ALL EMERGENCIES CONTACT (HIRING PARTNER) KOUZON CORPORATION:

CONTACT PERSON : Mr.ZORAN KOCOSKI
+ 389 70 206 108 -24 HRS /7 DAYS/WEEK
+389 78 45 44 26 - 24 HRS /7 DAYS/WEEK