ВРАБОТЕНИ 90 СТУДЕНТИ ЗА ЕДЕН ДЕН

ВРАБОТЕНИ 90 СТУДЕНТИ ЗА ЕДЕН ДЕН 
КОУЗОН – УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Со почетокот на Февруари , ја отворивме созоната на Саеми за вработување на студенти за летна студентска работа во Америка.
Во овој месец очекуваме реализација на 4 големи саеми – со доаѓање на Американски работодавци во Скопје, но и виртуелни саеми кои ќе се реалзираат преку Skype.

Целта на овие саеми е да се вработат околу 800 студенти кои ќе бидат дел од програмата Work & Travel America 2016.
Работните понуди се од компании од сите делови на Америка и нудат можност за работа, сместување, забава, дружење со колеги од целиот свет и секако …… можност да се заработи некој долар.
На Саемот кој се одржа во Хотелот Холидeј инн во Скопје зедоа учество 90-тина студенти од кои 98 % добија договор за вработување.
Нивното одење во Америка ( сега по потпишувањето на договорите за работа ) е извесно и останува само еден дополнителен чекор, а тоа е да добијат Ј1 виза.

Покрај задоволството на нашите студенти, огромно задоволство искажаа и представниците на нашите партнери од Америка ( CIEE ) кои ги представуваа компаниите за кои беа вработени нашите студенти .

Следниот голем саем ќе се одржи на 6 Февруари, па потоа на 23 и на крај имаме Саем за вработување на 27 Февруари.

Слободни места за овие саеми има уште.
Доколку одлучите да аплицирате, Ве молиме контактирајте не на [email protected]

 

LIVE  YOUR DREAM WITH KOUZON

Kouzon_W&TUSA2016_Banner-1