КОУЗОН КОРПОРАЦИЈА – СУПЕР БРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2013/2014

Во друштво со најдобрите брендови

КОУЗОН КОРПОРАЦИЈА – СУПЕР БРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2013/2014

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАС

Со посебно задоволство би сакале да ја споделиме веста дека Коузон го доби престижното признание SUPERBRАNDS 2013/2014 за Македонија .

Во друштво на 21 други препознатливи брендови од различни стопански и услужни дејности, Коузон беше единствената Агенција од Македонија која се закити со ова признание.
За нас претставува огромно задоволство и чест што Македонија не избра како уникатен бренд кој создава програми кои ја мотивираат младата генерација на трудољубивост и постигнување на повисоки цели во животот преку вработувања, школувања и едукативни програми.

Ова признание не обврзува и натаму да продолжиме да работиме со максимална професионалност кон оставрување на нови цели и развивање на нови програми.
Изборот на СУПЕРБРЕНД се должи на несебичното работно ангажирање на целиот тим на вработени во Коузон Македонија кои се и движечката сила на целата корпорација управувана од Скопје а распространета дури на три континенти и во 14 држави.

Во името на Коузон им благодариме на сите оние кои гласаа за нас , кои помогнаа да бидеме избрани за СУПЕРБРЕНДС и ветуваме , Коузон ќе биде Ваш сервис сега и секогаш.
Live your Dream with Kouzon