WORK & TRAVEL PHOTO CONTEST: MY AMERICA – 2017

Почитувани студенти,

Ве покануваме да ни се придружите во желбата да ги пренесеме вашите импресии од Америка.
Знаеме дека сите вие ќе направите 1.000.000 фотографии  бидејќи истото тоа го правиме и ние од Коузон при секоја посета на САД.

Желбата ни е да иницираме кампања во која сите ваши испратени фотографии ќе бидат објавени на нашите Веб страни и други социјални медиуми преку кои ќе можат да ги видат и останатите студенти кои немале можност да го посетат тој дел на Америка каде што сте биле вие.
Напорот кој што ќе го вложите ќе го наградиме со доделување на интересни награди.

ВАЖНО: во оваа кампања можат да учествуваат сите студенти од Македонија кои се дел од програмата W&T America – независно од која агенција заминале за Америка.

За да учествувате во ова наградно „натпреварување“ доволно е да ни испратите фотографии на е-маил [email protected]

Фотографиите можат да бидат со :
– природните убавини на Америка
– дел од вашиот живот за време на летото, вклучуваќи го и работното место каде што
работите
– туристички атракции
– дел од американската архитектура
– фотографии од сообраќаен метеж
– фотографии со вашите колеги
– фотографии со ваши нови пријатели од Америка или други држави.

Едноставно,  нам ни требаат фотографии кои ќе бидат направени од вас .

Ова наградно натпреварување ќе трае до средината на месец Септември.
Се надеваме дека ќе најдете време и дека ќе имате желба да ни  испратите од фотографиите што ги имате ( или ќе ги имате ) во вашите телефони, фото апарати и GoPro.

Ви посакуваме успешна работа, многу забава и пријатели и уживајте во Америка.

Kouzon Work & Travel TEAM