Live your dream...

Мимоза Галабовска.

Work & Travel USA 2013

Pismo_ver-3

И кога реалноста ќе ни здосади максимално, кога ќе станеме претрупани со обврски и товар кој ни се насобрал од целата година, кога ситуацијата од ден на ден кулминира со монотоното секојдневие, е тогаш се јавува желбата за бегство, како што јас би рекла. Секој од нас, или барем повеќето сака да се најде далеку некаде.. Подалеку од се и од сите. Па нормално, студенти сме. На кого не би му здосадила монотонијата?!  Ни треба лето кое ќе не рехабилитира, лето кое ќе ни ја врати енергијата и ќе не освежи. Ни требаат нови случувања и нови опкружувања. Нова реалност и средина. Нешто драстично поразлично.

Pismo_ver-3-2Епа драги мои, токму вакви се Американските лета за нас, студентите. Секое будење таму се гледа како предизвик за ново доживување. Случувањата се редат едно до едно, деновите летаат, а ти-речиси и не приметуваш. Работиш, шеташ, излегуваш, се дружиш, се опушташ максимално. Сфаќаш дека твојата имагинација добила друга димензија. Веќе и невозможното станало возможно, веќе работите кои си ги сметал за далечни можеби и ти се на дланката. Си го режираш својот живот на комплетно нов начин и со нови луѓе околу себе. И дур да трепнеш ти веќе си го научил јазикот, си остварил контакти со луѓе од сите страни на светот, си спечалил пари, си се изнашетал и си се збогатил со искуства милион. Ех, си велиш, барем уште малку да потраеше.

Еве вака изгледаше моево минато лето во Америка. Секако, украсено со многу, многу детали.

Она што искрено, и од срце би сакала да го кажам во склоп на ова-е дека без W&T програмата на Коузон, а и секако беспрекорниот тим-ништо од ова немаше да изгледа вака. Тие ми ја пружија сигурноста и стабилноста. Иако преку океанот-во ниту еден момент не се почувствував сама. Знаев дека за било што-ги имам нив, 24/7.

Pismo_ver-3-3А на сите вас, веќе одлучени, или студенти сеуште во недоумица, немам што друго да ви препорачам освен: ги знаете местото и локацијата. Вие бирате – Коузон ви овозможува. Америка на дланка, искуство-доживотно, сеќавања во изобилство. Сонот-реалност!

 

Искрено, Мимоза Галабовска студент на

Правен Факултет

Универзитет “Гоце Делчев”

Штип

Pismo_ver-3-4

Related Projects

Kouzon Corporation

Добредојдовте на новата веб страница на Коузон...

FOR ALL EMERGENCIES CONTACT (HIRING PARTNER) KOUZON CORPORATION:

CONTACT PERSON : Mr.ZORAN KOCOSKI
+ 389 70 206 108 -24 HRS /7 DAYS/WEEK
+389 78 45 44 26 - 24 HRS /7 DAYS/WEEK