ORIENTATION MEETING WITH STUDENT FROM EAST MACEDONIA

KOUZON WORK & TRAVEL AMERICA 2016
Shtip , March 17, 2016

w1

Коузон со студентите од Источна Македонија

Во големата сала на мултимедијалниот центар на Универзитетот „ Годе Делчев “ од Штип ,денес 17 Март , Коузон одржа средба со еден дел од апликантите за Work & Travel програмата .
Сите тие , студенти на Факултетите од Универзитетот „ Гоце Делчев “ покажаа огромен интерес за презентацијата која во детали ги објаснува сите важни моменти од процесот на аплицирање за виза, подготовки за патување во Америка и успешно снаоѓање на работното место .
И оваа 2 часовна средба помина во извонредна атмосфера при што целта беше максимално постигната.
Покрај информативниот оваа средба имаше и мотивирачки карактер – студентите  максимално да се подготват за сите предизвици кои пред нив постојат до пристигнувањето во Америка.
Им ветив и ќе оствариме – со нив сне и ќе бидеме 24/7. Заедно сне посилни !!!

Како организатори на средбата , горди сме што студентите ни оддадоа лична благодарност за нашата посветеност и професионалниот однос во реализацијата на целата програма .

Следат неколку фотографии од настанот