Отварање на новата сезона 2016!!!

banner

Почитувани наши Коузон кампери ,
Почитувани родители ,

Со неизмерна благодарност се обраќаме до сите Вас кои минатата 2015 година бевте дел од програмата Коузон Камп т.е им дозволивте на Вашите деца да бидат вклучени во активностите кои ги организираше Коузон.
2015 година за нас беше предизвик на кој многу успешно договоривме.
2016 година треба да биде уште подобра година во нашата соработка со Вас бидеќи создадовме еден концепт во кој децата учесници на Коузон камп активно се дружат и по престојот во кампот, остваруваат трајни пријателства и се социјализираат со деца од други животни средини во Македонија и надвор од неа.

Самиот збор – КОНЦЕПТ – за родителите значи многу . Нашиот концепт е фокусиран кон осамостојување на децата , развивање на вештини , желба за социјализација со деца од различни националности и култури , визија за иднината , спремност за предизвици ….
Концепт – во смисла на толкувањето на децата кампери – значи многу дружење , многу забава , многу спортување … Едноставно значи да се биде дел од Коузон Камп.

На сите Вам безрезервно Ви ветуваме дека и оваа година Коузон камп ќе биде Ваш пријател кој најпрофесионално ќе го реализира она што ќе го вети.
Ви ветуваме дека покрај престојот ( од 8 дена во Кампот ) ќе настојуваме да бидеме дел од Вашето секојдневие и дека ќе се друзиме , ќе оргазнираме несекојдневни настани и ќе Ве поканиме пак на забава во водениот парк во Скопје.

Почетокот на сезоната го најавуваме со екстра попуст кој важи до 3 Април.
Оние кои биле учесници во кампот во изминативе години ќе имаат посебни привилегии.
Доколку некој од Вас сака да биде наш соработник , ги отвараме нашите „ врати “ за соработка.
Едноставно , Коузон сака и ќе биде дел од вашето ново незаборавно лето

За повеќе информации Ве покануваме да не контактирате на [email protected]