АКЦИЈА ЗА ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ НА КРВ – 15 МАЈ 2019

ДАРУВАМЕ – ПАТУВАМЕ
KOUZON WORK AND TRAVEL AMERICA 2019

До студентите , учесници во програмата за летна студентска работа во Америка 2019 
Коузон во соработка со Црвениот Крст на Македоннија ( Општинска организација – Центар Скопје) и Институтот за трансфузиона медицина (http://itm.org.mk/ ) – организира

АКЦИЈА ЗА ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ НА КРВ .

Акцијата ќе биде реализирана на 15 Мај ( среда ) во просториите на Коузон во Скопје на Бул.Св.Климент Охридски 58 и тоа од 10-15.00 часот
Оваа хумана активност очекуваме да наиде на одзив кај сите Вас .
Оние што ќе даруваат крв во Македонија ( пред заминување во Америка ) ќе се стекнат со право да учествуваат во наградата игра што ја организира Коузон .
Имено , 4 студенти ќе бидат наградени со КРСТАРЕЊЕ СО БРОД ПО РЕКАТА ХАДСОН – во NEW YORK CITY.
Покрај ова изненадување – Коузон ќе организира уште неколку слични награди за сите учесници кои ќе дојдат и ќе даруваат крв во просториите на Коузон.

ХУМАНОСТА НЕМА ГРАНИЦИ – иницираме активност – за драгоцената течност што ЖИВОТ ЗНАЧИ
За сите Вас кои ќе одлучите да дарувате крв Ве молиме да го најавите вашето доаѓање со испраќање на е-маил на [email protected] или СМС порака на 078-45 44 26 ( со назнака – се пријавувам за дарување на Крв ).

Оваа активност на Коузон е отворена и за сите наши апликанти од другите програми на Коузон како и за студенти кои ќе одат во Америка на летна работа а веќе добиле Ј1 виза.