ГЕРМАНИЈА – РАБОТА ЗА СТУДЕНТИ – ЛЕТО 2022

KOUZON STUDENT SERVICE – ( STUDENTENSERVICE ) MACEDONIA

Коузон студентски сервис Македонија е единствената агенција од Македонија , која е регистрирана од страна на Државниот завод за вработување на Германија , како агенција која ги има сите права да посредува за студентска пракса во Германија низ целогодишни програми за работна пракса и времена ( летна ) работа.

Преку нас ( Коузон ) Македонските студенти имаат можност да аплицираат за сите видови на студентска пракса и летна студентска работа во Германија за периодот од 2022 .

Потребна е желба и пред се визија за надградување своите квалификаци и спремност за усовршување на владеењето на Германскиот јазик.

Преку нас , студентите од Македонија можат времено да бидат вработени во најреномираните Германски компании од различни сектори .

ОСНОВНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАШИТЕ ПРОГРАМИ СЕ :

  • статус на редовен студент на Универзитетите во Македонија
  • познавање на Германскиот јазик на ниво од А2 + .

Услугата што Коузон ја нуди за оваа програма е БЕСПЛАТНА за сите заинтересирани студенти за кои Bundesagentur für Arbeit ( Zentrale Auslands- und Fachvermittlung (ZAV) ќе обезбеди работни понуди.

ВАЖНО – со оваа програма , се добива одобрување за престој и работа во Германија и не е потребно да се аплицира за работна виза во Германската Амбасада во Скопје.

За пријавување/аплицирање – доволно е да ни испратите само CV на Германски јазик на [email protected]

НАЈАВУВАМЕ – на крајот на месец Јануари 2022 година, Коузон ќе организира САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ го Германија, на кој ќе учествуваат повеќе Германски компании заинтересирани да земат студенти од Македонија на летна студентска работа во Германија за сезона 2022.

Доколку имате одредени прашања до нас , Ве молиме да ги испратите на истиот е-маил или јавете се на 078454426

Freundliche Grüße – Kouzon STUDENTENSERVICE