ГОЛЕМА АВАНТУРА – ЖИВОТ НА БРОД

Моето име е Виктор Зашков. Пред неполн месец почнав со големата авантура – живот на брод. Слушав, гледав и истражував пред да заминам – но кога стапнав на брод  почнав да го живеам бродскиот живот и увидов колку е овој начин на живот супер, како возење ROLLER COASTER. Запознав веќе куп пријатели овде и стварно сме добра екипа. Почнав да работам како Buffet Steward, но многу брзо, за неполни 3 недели ме унапредија во Room Service Staff. Професионално си ги извршувам сите работни задачи и многу сакам да градам кариера оде и да се изградам и понатаму на професионално поле. Секако, добрата плата и бакшишот се уште поголем мотив за да бидам професионален и подобар во работата.

testemonials-msdc

Гледам веќе е ноември, ладно и дождови и среќен сум што навреме избегав од зимата 🙂 и сум на брод каде секогаш одиме на топли дестинации и уживаме на француската ривиера овие денови. 🙂 Поздрав до сите, особено до Коузон тимот кој ми помогна и ме упати како да успеам да влезам во оваа престижна индустрија. И порака до сите кои се двоумат или сакаат да работат на брод – соберете храброст и дајте си себеси шанса и нов живот. Коузон е тука да ви направи да бидете дел од ова семејство и да ми се придружите на море!  ГОЛЕМА АВАНТУРА – ЖИВОТ НА БРОД