Голем интерес за работа на брод во Албанија

Коузон Албанија со огромен успех ги  реализира зацртаните активности за промоција на вработувањата во бродската индустрија .Вработените во оваа канцеларија на Коузон  , успешно реалзираа презентација пред 70-тина млади од цела Албанија.

Нашиот упех во оваа Држава се должи на систематкиот приод кон информирањето на младите професионалци од хоспиталити  индустријата , кои желни за интернационално докажување , сериозно се заинтересирани за рбаота на брод.
За нас посебно е важно што во оваа Држава ( во Албанија ) наидовме на доста квалитетен кадар кој поркај одличното владеење на Англискиот јазик, има извонредни квалификации и со познавање на Италијанскиот јазик.Особено не радува и фактот што најголем дел од нашите апликанти се лица кои веќе работеле во 4 и 5 * хотели на Албанското приморје и во Тирана и лица со искуство од најдобрите Ала – Карт ресторани  во Тирана.

Коузон Албанија ќе продолжи со овие активности и еднаш месечно ние ќе бидеме присутни во Тирана и ќе реализираме регрутации на нови кандидати кои ќе им бидат понудени за вработување на најдобрите Cruises бродски компании.