Здраво дечки

Здраво дечки,

Јас сум Бесир Фазли и моето прекрасно лето 2015 го поминав во Long Branch, NJ како апликант на студентската програма Work and Travel со Коузон.

Запознав многу многу нови пријатели и во моето слободно време успеав да прошетам на прекрасни дестинации. Во куќата каде што живеев секоја недела организиравме журки кои беа незаборавни !

Од работниот ангажман сум многу задоволен! Коузон ми овозможи да работам во два прекрасни ресторани Sawa и Avenue Le Club. На средината на летото ме унапредија во Towelboy и немав потреба од втора работа бидејќи заработував доволно и со една позиција. Тогаш имав повеќе време да излегувам и да ја истражувам Америка.

Во прилог и слики од мојот незаборавен USA trip каде што уживав во секој момент!