КАНАДА НЕ ЧЕКА – ПРВ ПРОЕКТ ВО ВАНКУВЕР

МАКЕДОНСКИТЕ WIRE WATCHERS СПРЕМНИ ЗА ПАТУВАЊЕ
КОУЗОН ОТВАРА НОВА ХОРИЗОНТИ

Група од 65 Македонци/ки на 30 Март заминува на времено работно ангажирање во Канада на проект кој е поврзан со реновирањето на еден од бродовите на бродската компанија Norwegian Cruise Line.
За многумина звучи неверојатно , но за нас во Коузон овој проект од партнерството со пристаништето од Ванкувер е повеќе од значаен и важен.

Нашата група на избрани Fire Watchers ќе биде дел од големиот и комплексен проект кој започнува со нивно работно ангажирање на бродот Norwegian Sun и тоа на 31 Март од Лос Ангелес ( Америка ).

По престојот од 20 дена во Ванкувер , нашите „пожарникари “ ќе се вратат во Македонија од каде за само неколку дена престој ќе треба да заминат на нов проект кој ќе биде реализиран во Франција во градот ( пристаништетот ) Брест.
За да бидеме на ниво на задачата , за да бидат сите наши пожарникари целосно и точно информирани и запознаени со деталите на проектот и на крај да бидат мотивирани за професионално извршување на работните задачи поврзани со овој проект, организиравме работна средба во нашиот тренинг центар.

Ако ги погледнете фотографиите кои следат ќе го забележите мотивот кај сите нив кој е гаранција дека нашиот тим ќе ги оправда очекувањата од нашите странски партнери

Им посакуваме среќен пат и многу , многу успех во Ванкувер

Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте не …