КОУЗОН КАМПС – ПРОМОЦИЈА ПРЕД ДЕЦАТА ВО ВЕЛЕС

ВИ БЛАГОРАДИМЕ ВЕЛЕС !!!

Без ШЕГА –на први април во ВЕЛЕС го доживеавме најдобриот пречек.

Огромно задоволство и радост предизвика нашето присуство кај децата од Велес кои со нетрпение го очекуваа доаѓањето на Коузон Влогерите и настанот кој го најавивме како прв MEET UP во овој град,

Во амфитеатарот на младинскиот парк се собраа повеќе од 500 деца од различни возрасти.
За нив можноста да се видат во живо со идолите од YOUTUBE и да се сликаат со нив , беше остварување на еден сон.
За нас од Коузон , и овој настан беше директна можност да ги информираме сите нив за условите и програмата на активности од најдобриот детски камп во Европа.

Коузон Камп е програма која има за цел да ги направи децата среќни а настанот во Велес ни потврди уште еднаш дека она што го правиме е голема СРЕЌА и РАДОСТ за децата од Македонија.

Ако оваа прва средба предизвика толку многу емоции , можеме само да претпоставиме колку ќе биде голема среќата на децата во кампот кога ќе можат да се дружат 24/7 со cвоите идоли .
Следуваат фотографии и видео од настанот во Велес.

[email protected] www.kouzon.com.mk

Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте не …