Коузон камп – Mузичко – спортски забавен хепенинг

Во организација на Коузон Камп – на 2 јуни во Градски парк во Скопје , го органзиравме првиот музичко-спортски хепенинг за учесниците на минатогодишниот Коузон Камп во Грицја и сите новопријавени учесници за 2013 година.

Настанот го збогативме со присуство на Г-динот Хрсистос Скоурас , кој е сопственик на кампот во Грција , ( каде ги испракаме нашите деца )  , но и со учество на Викторија Лоба – која не расположи и разигра до максимум со нејзиниот музички настап.

За да биде дружењето повесело , органзиравме и натпревар во неколку спорстки „ дициплини “ – влечење јаже, носење пинпонгарско топче на лажица, скокање со вреќа, игра со хола-хоп и за крај ….. победникот го добивме во играта музичко столче. Победи екипа на деца од Неготино , кои   ќе бидат со  нас учесници на овогодишниот камп .

На забавата на сите присутни им поделивме сокчиња и води од Кожувчанка ( Изворска и Синалко ).
Оваа прекрасна форма на дружење ќе биде наша традиција и за следните години .

Ве очекуваме да аплицирате и да се дружиме сите во Грција на Коузон Камп.