КОУЗОН КАМП – Дружење во ФОРЦА

Во Спортско рекреативниот Комплекс ФОРЦА во Скопје , на 12-13 Април се одржа САЕМ НА АГЕНЦИИ на кои Коузон ја претстави својата уникатна програма за најмладите – Кампот СКОУРАС во Грција.
Кампот – т.е. понудата за учество во оваа програмска активност на Коузон како и изминативе години беше со голема радост прифатена од многубројните присутни ( пред се деца ) .
Родителите во детали се информираа за понудата и поголем број од нив на лице место одлучија да ги запишат своите деца за учество во Кампот за оваа сезона  2014.

Нашето присуство на овој Саем беше ХИТ за најмладите.
Во многу релаксирана атмосфера , децата кои заедно со родителите дојдоа на овој настан уживаа во изненадувањата кои Коузон им ги приреди.
Пред се интересот  на сите деца беше да добијат „слика“ на нивните лица .
Тимот на Коузон многу успешно го реализираше цртањето и фотографиите направени на овој настан веќе активно се вртат на Facebook. Радоста кај децата беше неизмерна и со другите понудени активности кои ние им ги приредивме, фигури од балони, создавање на „уметнички“ цвеќиња од хартија, отпечатоци на рацете на фолија и секако нивното учество во сликањето на хамер.

Фотографиите кои следат, покажуваат дел од атмосферата .