КОУЗОН ТРЕНИНГ АКАДЕМИЈА – ОБУКА ЗА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЗАШТИТА


УЧЕСНИЦИ – ВРАБОТЕНИ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Ја имавме честа , денес 11.11.2021 година , да организираме основна обука за против пожарна
заштита за дел од вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство на Р. Македонија.

Во просториите на Тренинг центарот на Коузон , се одржа теоретска и практична вежба за брзо
справување со пожар во работни простории и евакуација на вработените.

На полигонот за практични вежби , организиравме гасење на пожар со повеќе типови на
противпожарни апарати :

  • гаснење со хемиска пена, со ознека Ph
  • гаснење со воздушна пена, со ознака Pz
  • гаснење со распрскана вода, со ознака V
  • гаснење со вода и воздушна пена, со ознака B
  • гаснење со прав за гаснење, со ознака S
  • гаснење со јаглен двооксид, со ознака CO2

Им благодариме на учесниците на денешната обука за извонредната соработка , а на АЦВ за
укажаната доверба за соработка со КОУЗОН тренинг академијата – Скопје.

Во периодов што следи , ќе организираме низа на обуки и за други институции, организации и
приватни компании.
[email protected]