НАШАТА РАБОТА – ВАШ ПАТ КОН СВЕТОТ

#InAKouzonWorld
ДАЛИ И ВИЕ СТЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО 23 ГОДИШНО РАБОТЕЊЕ

Почитувани Коузон Пријатели

Оваа година се навршуваат 23 години од работењето на KOUZON Corp.
Во изминатите 23 години , повеќе од 34.700 млади го осетија благодетот од можноста да се патува и да се запознаваат нови хоризонти, нови пријатели , многу создадоа можности за усовршување и напредување во кариерата.

Посебно многу не радува што голем дел од нашите апликанти , успееа да формираат свој „ свет “ исполнет со перспектива и визија за иднината .
СИТЕ ТИЕ ЗАЕДНО СО НАС БЕА ВО СВЕТОТ НА #InAKouzonWorld
СИТЕ ТИЕ т.е ВИЕ БЕВТЕ ДЕЛ од успешното градење на брендот на КОУЗОН.

Во оваа прилика Ве покануваме да ни испратите Ваша фотографија, која ние ќе ја поставиме во рамка #InAKouzonWorld. * и така да го продолжиме нашето дружење.
ВЕ МОЛИМЕ фотографиите да ги испраќате на е-маил [email protected] со напоменa за #InAKouzonWorld .
Потсетуваме дека во оваа наша нова кампања ги очекуваме да ни се придружат сите наши

1. Учесници во програмите за школување, * средно школо и Универзитети во странство
2. Студенти од летна студентска работа во Америка , Германија , Грција , Бугарија
3. Оние кои биле вработени во државите на Middle East
4. Оние кои работеа и рaботат на Cruises бродовите
5. Оние кои работеа ( изведуваа пракса ) во Кина
6. Оние кои работат на проектите од FIRE WATCH
7, Учесниците на јазични курсеви ширум светот ,
8. Ау-паир Америка и Англија ,
9. Учесниците и тим лидерите од нашите летни и зимски детски кампови……..
10. Сите останати програми од делот TRAVEL.

Можеби 23 години не се многу , можеби овој период од само 23 години не е доволен да кажеме дека нашата мисија за насочување на младите кон подобра иднина не е комплетно остварена , но не радува сознанието дека Коузон навистина им помогна на многу ,многу млади да бидат многу успешни во животот , токму преку охрабрувањето што го добија од нас и нашите програмски активности..

Многу ова Вас не именуваат како Агенција, многу од Вас не именуваат како фирма за вработување или школување. Важно е дека сите Вие знаете за Коузон како име и како компанија на која можете да и верувате 100 %.

Оваа 23 годишнина сакаме да ја одбележиме со Вас , Вашите фотографии и Вашите успешни приказни.

Како Вам Коузон ви помогна во животот ?

Ве покануваме да ни ја испратите Вашата пишана содржина , може и видео материјал или доволно е само фотографија. Така ќе знаеме дека и Вие имате благодарност спрема нас , како што ние имаме благодарност за тоа што бевте дел од нас.

Нашето мото е “ LIVE YOUR DREAM” – се надеваме дека е вистинското мото што секоја индивидуа ја мотивира да има сон и надеж за подобро утре
Со почит
Коузон