НАЈАВА НА НОВИ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ АКТИВНОСТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

MACEDONIAN FIRE WATCHERS TEAM – WE’LL BE BACK SOON

Во очекување на новите работни активности, Македонските fire watchers – ја презентираа својата спремност со проверка на личната опрема за работа, со тоа што се „ униформираа “ во домашни услови.

Секој на свој начин ни испрати по една фотографија “ придружена “ со едно големо ДА – за учество во предвидените заеднички работни активности во Франција и Шпанија.

Заради COVID -19 беа откажани работните активности во Кадиз – Шпанија и Брест Франција.
Но за среќа – НИЕ СЕ ВРАЌАМЕ СКОРО на овие проекти – и тоа веќе во втората половина на месец Мај за кога е планиран работен ангажман во РОТЕРДАМ – Холандија ( од 20-31 Мај ).

Во исто време очекуваме рестартирање на проектот во КАДИЗ – за ALLURE OTS и секако проектот во Брест – Франција
Имаќи во предвид дека предстојат многу активности до крајот на оваа година , убедени сме дека ќе има можност најголем дел од регистрираните доброволни пожарникари во ДППД на „ Коузон “ да бидат учесници во следните работни проекти.
Не радува фактот што постои голем интерес и за нови пријавувања , така што очекувааме дека до почетокот на месец Јуни , бројот на членови во ДППТ „ КОУЗОН “ ќе брои повеќе од 500 пожарникари.

[email protected] LIVE YOUR DREAM – Kouzon Corporation