НА ГОСТИ КАЈ ДЕЦАТА ШКОЛОТО „ИДНИНА “ – СКОПЈЕ

Со цел да бидеме поблиску до сите деца од Македонија , да им овозможиме да се почуствуваат горди на своите постигнувања, да видат нешто што ретко се гледа во Македонија а пред се со цел да се дружиме и да предизвикаме насмевки и радост , екипата на КОУЗОН КАМПС , деновиве ги посети децата од Училиштето за образование на деца со посебни потреби „ Иднина “ во Скопје .

Повеќе од радост, повеќе од среќа , повеќе од настан беше можноста да се возат со нашите SEGWAY-и за децата од ова училиште .
Фотографиите кои следат покажуваат дел од атмосферата.
Коузон како општествено орговорна компанија и во иднина ќе се соработува со ова Училиште. Во секоја следна прилика , кога Коузон Кампс ќе организира настани во Скопје овие дечиња ќе бидат со нас .

СИТЕ ДЕЦА НАС ВЕТОТ СЕ ИСТИ – им треба внимание , им дружење им требаат многу радосни моменти.