НА КАФЕ СО ВАС , ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ

Untitled-2

Од 24 Декември Коузон започнува кампања „ НА КАФЕ СО СТУДЕНТИТЕ “ која има за цел низ директен контакт со сите апликанти и потенцијално заинтересирани студенти за програмата Work and Travel , да дадеме директен одговор на можните прашања.

Имаќи во предвид дека е предновогодишна атмосфера , овие кафе разговори, одлучивме да ги водиме низ кафичите во Скопје . Секој ден , ние и студентите од 11.00-14.00 часот ќе се дружиме , ќе раземнуваме искуства и мислења и се тоа за сметка на Коузон.

Да биде нашата активност транспарентна , Ве покануваме да се пријавите за една ваква ( неконвенционална ) средба , да договориме термин и да го испиеме заедно кафето на идното наше долгогодишно пријателство .Можни локации за средби се : Кафе Тренд – во центарот на Скопје и Кафе Тренд во Скопје Сити Малл. Доколку вие имате предлог за друга локација и сте група од 5 студенти , ќе Ве посетиме таму каде што Вам ви одговара .

За да се пријавите за кампањата „ на кафе со студентите “ Ве молиме испратете ни е- маил на [email protected] , порака на нашата Facebook група https://www.facebook.com/ Kouzon, или едноставно посете те не во некоја од нашите канцеларии .

Доколку сте од другите градови во Македонија , Прилеп , Битола, Штип , Велес или Струмица , овие средби ќе бидат реализирани преку нашите канцелaрии во овие градови …..За повеќе информации Ве молиме испратете е-маил на [email protected]