ОБУКА ЗА КОМПАНИИ – ИНСТИТУЦИИ – ОРГАНИЗАЦИИ

Во рамките на програмата за работа и спроведување на обуки за граѓанството , нашиот тренинг центар за противпожарна заштита и спасување , редовно организира обуки за вработените во компании и институции .

 

Изминативе денови, бевме домаќини на вработените од WURTH Македонија. За еден дел од нивните вработени организиравме посебна теоретска обука за работа со опасни материи , опасностите кои постојат и мерките за заштита кои треба да се преземат за анулирање на опасностите .

Во практичниот дел од обуката , за сите вработени организиравме показни  вежби ( со нивно директно учество ) за успешно користење на противпожарните апарати и другите средства наменети за противпожарна заштита .

Нашите тренери/обучувачи , ангажирањето на вработените од WUTRH Македонија го оценија со највисока оценка , и беа импресионирани од нивната посветеност и желба да стекнат знаења од овој многу значаен сегмент од безбедноста при работа .

КОУЗОН тренинг центар за противпожарна заштита и спасување , има отворени врати за сите заинтересирани правни и физички лица , кои сакаат да научат како да се спрaват со предизвиците во случај на пожар или друга елементарна не незгода. За повеќе информации, Ве молиме да не контактирате на [email protected]