ПОКАНА ЗА ЗАБАВА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА

fb

Коузон ги поканува сите деца од 7-17 години од Македонија ( се разбира и родителите ) да ни се придружат на големата ЗАБАВА на градскиот плоштад во Скопје на 24 Мај ( сабота ) од 12-14.30 часот .

Забавата е замислена како „поле “ за дружење , играње , спортување ……..

Поканата важи са сите кои сакаат да ги видат и слушнат во живо Викторија Лоба и групата „ ДНК “ .
Поканата исто така важи за сите спортски клубови кои имат младински школи, училишта за странски јазици, основци и средношколци кои ќе формираат своја група за спортските натпревари (*максимум 4 деца во група)……
Ќе организираме спортски натпревари во интересни дисциплини ( пред се забавни ) во кои нема да треба физичка кондиција туку само спремност за дружење и  тимска активност …..

На забавата ќе Ве изненадиме со мини ревија со подмладокот од модното студио „ Црнокрак “ т.е со нивната детска група …..
Забавата ќе биде придружена со освежителни пијалоци од „Кожувчанка “ и „ Синалко “……

ОЧЕКУВАМЕ НАЈГОЛЕМА АТРАКЦИЈА ДА БИДЕ БАЛОНОТ – кој ќе Ви биде на располагање за ЛЕТ НАД СКОПЈЕ ……….
Ќе има и други изненадувања, ќе има музика , спорт, дружење и секако подготовка за учество во програмата КОУЗОН КАМПС – 2014 .

Ве покануваме да се пријавите за учество на овој настан на [email protected]