САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО АМЕРИKАНСКИ КОМПАНИИ

Job-Fair_01-02-2016_2


САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО АМЕРИKАНСКИ КОМПАНИИ
Ексклузивна можност за редовните студенти од Македонија да остварат работна пракса во Америка

Како и секоја година , така и во 2016 неколку илјади македонски студенти ќе имаат ексклузивно право да бидат дел од престижни американски компании работејќи 3-4 месеци за време на претстојното лето.


Агенцијата Коузон ќе биде домаќин на повеќе од 150 американски компании кои ќе дојдат во Скопје да се сретнат , разговараат и вработат повеќе од 1000 студенти од Македонија .
Работните понуди се најразлични и се поврзани со работа во реномирани туристички центри на источниот и западниот брег на Соединетите Американски Држави , најпознатите национални и забавни паркови во Америка , како и во компании за продажба.


Со добивањето на работа преку Коузон , студентите се стекнуваат со право да добијат американска виза Ј1 , престој од 4 месеци и право на социјален број за работа .
Бенефитот од овие вработувања за студентите е многукратен а работното искуство е од непроценлива вредност .Ова е исто така ретка можност студентите од Македонија да се запознаат со свои врсници од целиот свет бидеќи во неа учествуваат околу 120.000 студенти.

Првиот саем за вработување Коузон го организира на 1 февруари .
Во текот на февруари и март ќе бидат организирани уште неколку други саеми за вработување за студенти  од Македонија и околните балкански држави.

Програмата Work & Travel America постои од 1969 година и е регулирана со посебна одлука на американската влада .

Повеќе информации за оваа програма , можете да најдете на www.kouzon.com.mk  или со испраќање на е-маил [email protected]

 

LIVE  YOUR DREAM WITH KOUZON

Kouzon_W&TUSA2016_Banner-1