САЕМ ЗА КАРИЕРА И ВРАБОТУВАЊЕ – Агенција за млади и спорт

КОУЗОН ВРАБОТУВА СТУДЕНТИ
КОУЗОН 23 ГОДИНИ ЗА И СО СТУДЕНТИТЕ!!!

Заедно со група на реномирани Македонски компании и годинава тимот на Коузон зеде активно учество на саемот за кариера и вработување организиран од страна на Агенцијата за Млади и Спорт кој се одржа денес на платото на УКИМ – Скопје
Нашиот тим на овој САЕМ ги презентираше програмите кои нудат можност за вработување на млади и студенти во Македонија како и можностите за студентска пракса и интерншип во странство.

Апсолутно сме задоволни бидеќи огромен број на студенти го посетија штандот на Коузон и покажаа интерес за се она што денес имавме можност да го презентираме . Најатрактивната и моментално најактуелна програма за која студентите пројавија интерес беше летната студентска работа во Америка , позната како “Work and Travel USA” .

ВАЖНО – Коузон денес ги израдува студентите со можноста за вработување како и студентска пракса во канцелариите на Коузон во Скопје, Штип и Прилеп но секако отворена е и можноста за обавување на студентска пракса и во канцелариите на Коузн во Албанија, Црна Гора , Србија, Босна и Херцеговина , Унгарија и Бугарија.

За да се пријават студентите за некоја од овие можности ги повикуваме да аплицираат со испраќање на резиме * CV на [email protected] или лично во некоја од канцелариите на Коузон.

Започнете ја вашата кариера со студентска пракса, Коузон е компанија која ширум ги отвора вратите за вработување .

LIVE YOUR DREAM