УСПЕШНО ЗАВРШЕН РАБОТЕН ПРОЕКТ ВО КАНАДА

БЛАГОДАРИМЕ КАНАДА – ВАНКУВЕР ПРОЕКТ – АВГУСТ 2022

MACEDONIAN FIRE WATCHERS TEAM
УШТЕ ЕДЕН УСПЕШНО ЗАВРШЕН РАБОТЕН ПРОЕКТ од тимот на КОУЗОН Fire Watchers

Како што претходно најавивме , група од 30 Македонски пожарникари доби работни визи и престој во Канада и беа ангажирани на проект во градот Ванкувер.

Како и во сите изминати проекти , и овој е оценет како многу успешен и е основа за добивање на нови понуди за соработка со Канадски работодавци.

Спонзорството за Визата и престојот во Канада , за овој проект беше од една од најголемите компании на светот од областа на поморскиот сообраќај и пристанишни сервиси – SEASPAN .
Работните проекти на кои ќе учествуваат нашите обучени пожарникари продолжуваат со активности во Франција и Италија.

До крајот на оваа година очекуваме нови 6 проекти во кои ќе земат учество искусни Fire Watchers , но и лица кои се новопријавени и обучени од наша страна .
[email protected]