СТУДЕНТИТЕ ПОТВРДИЈА – КОУЗОН Е БРЕНД НА КОЈ МУ ВЕРУВААТ

КОУЗОН СТУДЕНТСКИ СЕРВИС – STUBRAND ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2018
ТРЕТА НАГРАДА ( ПО РЕД ) – ЗА НАЈДОБРА WORK & TRAVEL АГЕНЦИЈА

Коузон доби уште едно интернационално признание за својата досегашна работа и посветеноста кон подобрата иднина на студентската популација во Македонија.

Македонските студенти низ процес на евалуација преку посебна метода на оценување, ни го доделија ПО ТРЕТ ПАТ ЕДНО ПО ДРУГО престижното признание STUBRAND – бренд на кој студентите му веруваат.
Наградата сама по себе е од огромна важност за нас во „ Коузон “ од причина што цели 21 години упорно и со многу труд и професионален напор се трудиме да ги одржиме високите стандарди кои ги поставивме.
Токму тие стандарди во нашето работење беа причина, Македонските студенти да не прогласат за Студентска агенција на годината, посебно во делот при организирањето на програмата за летна студентска работа во Америка.

Добивањето на ова признание беше проследено од околу 350 студенти во конференциската сала на Хотелот „ Александар Палас “ во Скопје.
Од името на целиот тим на Коузон, од се срце им благодариме на Македонските студенти за доделеното признание

Ветуваме дека и во иднина ќе бидеме Македонски бренд кој нив ќе им ги остави отворени сите врати за студентска размена и пракса ширум светот.
Ќе бидеме она што сме денес, Македонски бренд кој е високо ценет и почитуван во светот.

Со почит
КОУЗОН СТУДЕНТСКИ СЕРВИС

Следат неколку фотографии од настанот.