2014 – ГОДИНА НА МНОГУ РАБОТНИ ПОНУДИ

z_2af0b83bКако што ги одбројуваме деновите до дочекот на Новата 2014 година , ние од Коузон исто така ги броиме и слободните работни понуди кои ни ги обезбедија нашите партнери од САД . Она што е одлика на досегашните постигнати договори , Коузон е единствена агенција во регионов која доби најголем број на работни понуди од сите спонзор Агенции .

Неверојатни 1673 вкупно. Оваа бројка ни е доделена врз основа на извонреднот сервис што Коузон го има во сите Држави каде што работиме ( Македонија, Турција, Албанија, Србија, Црна Гора , Хрватска , Словенија и Словачка ).
Како единствена Македонска Студентска Агенција која има своја мрежа во регионов , Коузон се наметна како најголем и најреномиран студентски сервис.
Сите споменати работни понуди – ние Ви ги ставаме на располагање Вам почитувани студенти .

Јануари 2014 година , го прогласуваме за месец на работни понуди од зоната на CAPE COD .
Оваа дестинација години на ред е една од најпосакуваните за Македонските студенти. Јануари ќе биде месец во кој ние ке вработиме огромен број на студенти кај многу реномирани работодавци.

Во Јануари – ќе ги имаме на располагање и работните понуди од Long Island ( NYC ) . Знаеме дека многумина од Вас ги очекуваат овие работни понуди со нетрпение . Дали веќе аплициравте за нив?
На почетокот на Фебруари , * поточно на 2 Фебруари , ќе имаме задоволство да бидеме домаќини на работодавци од 18 држави на САД . Неверојатни 240 работни понуди ќе бидат понудени САМО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ . (Branson Lakes Area )

На 8 Март – во Скопје ќе се случи голем саем на Американски работодавци , кои години по ред вработуваат студнети од Македонија. Со овие наши Американски пријатели , заедно со сите студенти кои веќе работеле кај нив изминатите години , ќе го прославиме вработувањето на нови студенти , но ќе одвоиме време да го прославиме 8 – март , Денот на жената
Да не пропуштиме дека на 13 Фебруари – Ние и нашите партнери од спонзор агенцијата CCI – ќе организираме саем за вработување во повеќе топ дестинации во САД.

Ова е само дел од понудата што Коузон Студентски сервис ја има обезбедено за Вас почитувани студенти .
Она што можете да го добиете од нас , покрај работните понуди , а на што сме посебно горди е нашето искуство , нашата гостопримливост ,нашите обуки за успешен старт на работата во САД, нашиот 24/7 сервис, најсниските цени на авио картите за лет до САД ……..

Повелете во Коузон Скопје, Велес, Штип, Стумица, Прилеп и Битола и уверете се зашто Коузон е лидер во регионов за Work and Travel USA програмите