УЧЕТЕ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО АМЕРИКА – ВАШ ПРВ ЧЕКОР КОН ПОДОБРО ШКОЛУВАЊЕ

KOUZON HIGH SCHOOL USA 2021/2022

Доколку имате амбиции за подобро средношколско образование и подготовка за успешен старт на реномиран УНИВЕРЗИТЕТ , оваа опција за престој и школување во Америка , може да биде ИДЕАЛНА ЗА ВАС.Во нашето 24 годишно работење со оваа програма , успеавме да им го отвориме патот на многу млади ученици од Македонија , кои денес се РЕНОМИРАНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ во областа за која учеа и студираа.

Програмата J-1 е креирана од Американската Влада и дава можност за 1 годишно средношколско образование во државните училишта на Америка.Во оваа програма можат да учествуваат ученици на возраст од 15 до 18 години. Сместувањето и животот се во внимателно избрани семејства кои имаат вистинска желба да ја споделат својата американска култура со ученикот и да се грижат за него како за СОПСТВЕНО ДЕТЕ .Учениците имаат можност да бидат сместени во семејства од 45 Сојузни Американски држави.

КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ?

– Возраст: 15-18 години
– Познавање на анлиски јазик на разговорно ниво
– Треба да се достави сведителство за завршено ниво на средно образование во Македонија ( 2-ра или 3-та година )
– Спремност за сместување и живеење со Американско семејство- Покривање на винансиските трошоци за учество во програмата , Американска Виза , пат до Америка и месечен „ џепарац “.

КОИ СЕ ПРИВИЛЕГИИТЕ ОД ОВАА ПРОГРАМА ?

Привилегиите од учеството во оваа програма се многубројни.

Еве неколку од нив:- Усовршување на англискиот јазик , до ниво на академско познавање.
– Осамостојување и целосна независност
– Стекнување на нови знаења и вештини , кои се основа на американското средно школско образование.- Можност за добивање на „отворена“ врата за школување на Универзитет во Америка
– Стекнување на нови пријатели , и многу други бенефити.

За повеќе инфо контактирајте не на емаил [email protected] или на 078 454 426.