ПРОЛЕТНИ „ПРИПРЕМИ “ ЗА УСПЕШНО ЛЕТО ВО АМЕРИКА

WORK & TRAVEL AMERICA 2015
ПРОЛЕТНИ „ПРИПРЕМИ “ ЗА УСПЕШНО ЛЕТО ВО АМЕРИКА

Денес 2 Април ,ние ја организиравме првата голема средба со еден дел од нашите апликанти за програмата за летна студентска работа во Америка.
Со многу позитивна енергија, голема желба и спремност да се добие Американска виза и пред се визија за предстојното лето , присутните студенти максимално одговорно ги прифатија нашите сугестии и предлози.

Ваквите средби се традиција во Коузон од самиот почеток на оваа програма и редовно даваат големи резултати.

Задоволство е да се видат повеќе од 200 студенти на едно место .
Огромно задоволство беше да се видат мотивираните лица на студентите по  2 часовната средба и разговори околу сите битни прашања поврзани со патувањето во Америка.
И во оваа прилика ја истакнавме нашата спремност за целосна поддршка со единствена цел, максимално да им излеземе во пресрет на сите нивни прашања и барања во овој период  пред заминувањето за Америка но и за време на престојот во САД .Нашиот сервис е и ќе биде 24/7 .

Убедени сме дека овие студенти ќе имаат можност да го доживеат својот Американски сон предстојново лето.