WORK AND TRAVEL AMERICA SUMMER 2021 -> WE RESTART PROGRAM OPERATION🇺🇸

СПРЕМНИ ЗА СТАРТ?
НАЈАВУВАМЕ ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА W&T 2021
ЛЕТНА СТУДЕНТСКА РАБОТА ВО АМЕРИКA

Почитувани Студенти,
Незабележливо го поминавме периодот од ЛЕТО 2020.
Ова беше прво лето по 26 години (од 1994 година), да нема македонски студенти на летна студентска работа во Америка.

Привилегиите што ги нуди W&T USA како програма, беа толку атрактивни што изминатите 26 години, редовно, секое лето без исклучок, повеќе стотини (или неколку илјади) македонски студенти имаа можност да го почуствуваат духот на американскиот начин на живот, да работат и заработат одредена сума на американски $ , и секако – да прошетаат и да ги видат сите убавини на Америка.

За жал, летово што измина, ( 2020 ) , заради пандемијата со Ковид -19 , македонските студенти беа приморани да останат дома, и да ја чекаат следната шанса за патување, работа и стекнување на интернационално работно искуство во Америка.

Шансата да се патува се отвара за лето 🇺🇸 2021.

Коузон започнува со процес на прифакање на апликации за W&T 2021.
🇲🇰 Стартот го најавуваме за 14ти октомври.🇲🇰
На овој ден – ќе поставиме онлине апликација, преку која сите студенти од 🇲🇰 Македонија 🇲🇰 ќе можат да се пријават (виртуелно) како апликанти за оваа програма.
Предност при аплицирањето ќе имаат нашите овогодишни апликанти.
Сите тие ќе добијат право – автоматски да се пријават за следната сезона.
ВАЖНО – за новиот старт на W&T 2021

Според најавите на нашите партнери од 🇺🇸 Америка, сезоната што ќе следи за 2021 година ќе се одликува со неколку карактеристики и тоа:

1. Драстично ќе се намали бројот на ДС – формулари кои ќе ги издава американската влада. Ова значи дека шансата да учествуваат во програмата, ќе ја имаат само 50 % од вкупниот број на апликанти за сезоната 2020 година.

2. Изборот на работните понуди се сведува само на потврдени и докажани работодавци.( кои Коузон ги има повеќе од 250

3. Условите за аплицирање ( генерално ) остануваат исти како и минатата година .
Во оваа прилика, ги покануваме сите наши овогодишни апликанти, да се изјаснат дали се заинтересирани за аплицирање за програмата за лето 2021 година.

Сите заинтересирани апликанти ( студенти ) можат да не контактираат на [email protected] или да се јават на 078 45 44 26
Со почит