Зимско Коузон камп дружење КАМПЕРИТЕ и КОУЗОН – секогаш и секаде ЗАЕДНО

Нашето дружење не престанува….дали е лето , есен или зима тоа воопшто не претставува никаква пречка за наше заедничко дружење.

Заедно со неколку групи кои се наши апликанти на летниот камп , и апликанти на зимскиот Коузон камп кои следува поминавме еден прекрасен заеднички ден .

Раскажувајќи спомени и интересни моменти од  летниот Коузон камп , во пријатна атмосфера со топло чајче и топло чоколадо се присетивме на сите прекрасни заеднички моменти кои веќе по традиција секое лето ни се случуваат !

Секако возбудата е се поголема со доближувањето на датумот за почеток на зимскиот камп ., направивме заеднички планови и ги слушнавме идеите на нашите апликанти за тоа како ова зимовање да ви биде незаборавно…

Сликите кажуваат малку за она како си го поминавме денот заедно , затоа не дозволувајте да ви раскажуваат бидете дел и вие од Зимскиот Коузон камп !

Ние ги исполнуваме вашите желби и ги создаваме незаборавните спомени , само за вас и секогаш со вас Коузон тим !

KOUZON WINTER CAMP 2015    www.kouzon.com.mk     [email protected]