ВО СКОПЈЕ НОВА БАР АКАДЕМИЈА – ROYAL CARIBBEAN CRUISES LINE

Во организација на Коузон од 22-26 октомври во Скопје ќе се одржи Бар Академија за кандидати од Европа идни вработени на најголемата бродска Cruises Компанија.
Во рамките на Тренинг центарот на Коузон во Скопје , веќе две години се реализираат сите активности поврзани со обучување на идните вработени во рестораните и баровите на оваа реномирана бродска компанија.

И оваа Бар Академија ќе собере кандидати од повеќе Европски држави кои ќе се стекнат со знаења потребни за успешен старт на бродовите на Ројал . И овој тренинг ќе се реалiзира под водство на искусниот бар Менаџер на најголемиот брод на светот *Allure Of The Seas , Г-дин Георги Колев.

Бар Академијата е уникатен проект на Royal Caribbean Cruises Line а Академијата во Скопје беше прва на светот . Врз основа на успешната реализација на активноста во Македонија , Ројал одлучи да формира вакви Aкадемии на уште 2 дестинации на светот и тоа Филипини и Кина .

Со почнувањето на тренинг Академијата , ние ќе ги објавиме и првите фотографии од истата .
Се надеваме дека оваа вест може да побуди интерес и кај нови апликанти кои би сакале да аплицираат за рабоата на брод и тоа за работа во Бар департмент . За повеќе информации испратете е-маил на [email protected]