KOUZON CROATIA – Нова канцеларија и нови активности

Коузон ја прошири својата активност на уште една држава од бившата ( ни ) YU .
По „ освојувањето „ на Хрватска , сега не има во сите држави на Балканов.

Отварањето на Коузон Хрватска е со основна цел  да бидеме лидери и таму во се она што го работиме (  Студентски програми и секако работа на брод.)
Во Хрватска има сериозна традиција за W&T USA програмата  ,  но и извонредно голема заинтересираност за работа на брод .

Официјалното отварање на нашата работа во Хрватска се реализира на 2 Октомври.
Локацијата е во центарот на Загреб на ул. Анреја Хебранг 22. ( на само 100 метри од Плоштадот на Бан Јелачиќ и Цветниот пазар )

Колегите од оваа канцеларија се спремни и мотивирани да го презентираат брендот на Коузон пред сите заинтересирани за летна студентска работа во САД и пред младите професионалци за работа на брод.

Првата планирана активност е посета на сите Универзитети во Хрватска и постигнување на договори за презентација на W&T USA програмата .
Очекуваме за 30-тина дена и да се реализиран првото интервју за работа на брод.
Работното време на канцеларијата е од 9-17 часот . Официјален е-маил за комуникација е [email protected]