КОУЗОН ЈА РЕАЛИЗИРА ВЕТЕНАТА НАГРАДА – КРСТАРЕЊЕ ПО HUDSON RIVER – NYC

KOUZON WORK AND TRAVEL AMERICA 2019
ДАРУВАМЕ, ПАТУВАМЕ НИЗ NEW YORK CITY ЗАЕДНО СО НАШИТЕ СТУДЕНТИ – ДАРИТЕЛИ НА КРВ

По успешно реализирана иницијатива на Коузон ( за која пишувавме на почетокот на месец мај оваа година ) именувана како ДАРУВАМЕ – ПАТУВАМЕ, доделивме 4 наградни крстарења по најголемата река која го опкружува Менхетен – New York City !

Aкција за дарување на крв беше прва и единствена активност која ја реализиравме во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Републичкиот институт за трансфузиологија !
Успешноста на таа акција се мери со тоа што имавме повеке од 55 дарувања на крв во еден ден . Од сите дарители кои се одзваа тој ден избрани беа 4ца студенти кои добија бесплатно крстарење по Hudson River и целодневен разглед на New York City.

Во прилог следуваат импресии и слики од доделената награда БЕСПЛАТНО КРСТАРЕЊЕ НА HUDSON RIVER, ручек на Times Square и разглед на New York – 13ти септември беше ден за паметење за 4ца апликанти на Коузон!!! 📸

Михаил, Теофан, Бојан и Благоја беа студенти кои целото своето лето го поминаа работејќи на Cape Cod и секој од нив ни ја раскажа својата приказна за летото.

Ни беше задоволство да се дружиме со нив преку целиот ден и да им го покажеме New York на еден необичен начин – преку крстарење на Hudson River како би имале претстава што навистина претставува New York и дека New York не е само Times Square каде што мноштво од нашите студенти го поминуваат времето додека се во посета на овој магичен град. 🗽

Ние, како компанија продолжуваме со повеќе активности кои и понатаму ќе бараат директно инволвирање на нашите студенти – апликанти за некоја од програмите со кои работиме.Секако , се она што ќе биде ветено , ќе биде и реалзирано. Секој кој ќе учествува во некоја слична кампања ќе биде потенцијален добитник на награда .

ВАЖНО – следете не и ДОЗНАЈТЕ ЗА СИТЕ ИЗНЕНАДУВАЊА КОИ ГИ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ВАС.
Од понеделник 7 Октомври официјално го означуваме стартот на новата W&T 2020 сезона.

Одвај чекаме да ве запознаеме со новите дестинации и работодавци во нашата понуда! ✈️[email protected]